Дома Трансфер зона ПСЖ прави „дрим-тим“, го сака и Тео Хернандес

ПСЖ прави „дрим-тим“, го сака и Тео Хернандес

Левиот бек на Милан, Тео Хернандес е голема желба на раководството на ПСЖ, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Светците“ планираат да испратат понуда за 23-годишниот дефанзивец, кој одигра одлична сезона во Милан и се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа. 

ПСЖ е најактивен на трансфер пазарот и веќе ги осигура потписите на Вајналдум, Серхио Рамос, Хакими и Донарума, а сега сака да ја засили и левата бековска позиција.

Покетино го посочил Хернандес како примарна трансфер цел, а „светците“ спремиле понуда од 50 милиони евра.

Сепак, италијанските медиуми тврдат дека Милан не сака да се откаже од својата ѕвезда и е спремен да ја одбие понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…