Навивачите на Челси не можат никако да бидат задоволни од изборот на број кој на грбот ќе го носи Алваро Мората во дресот на нивниот клуб.
Пред два дена тимот од „Стемфорд Бриџ“ објави дека е постигнат договор за пристигнувањето на Мората од Реал, а цената ќе изнесува измеѓу 80 и 85 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, навивачите станаа депресивни откако дознаа дека на грбот ќе го носи бројот девет, барем така пренесуваат англиските медиуми. Што е лошо во тој број?
Па ништо, освен фактот дека во изминатите години тој број го носеа Фернандо Торес, Матеја Кежман, Хернанд Креспо, Франко ди Санто, Радмен Фалкао, скапо платени напаѓачи кои ништо посебно не покажаа на „Стемфорд Бриџ“.
Сепак, англиските медиуми засега погодуваат дека Мората ќе ја носи „деветката“, а навивачите се надеваат дека тоа сепак нема да биде вистина.