Селекторот на Италија Роберто Манчини е среќен што неговата репрезентација ја победи Шпанија и стигна до полуфиналето, но посакува „Аѕурите“ да стигнат до трофејот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во финалето Англија ќе има предност затоа што ќе игра на домашен терен и ќе има навивачи, меѓутоа тоа не го плаши Манчини.
„Одлично е што се пласиравме во финалето, но не е доволно. Успешно првенство ќе биде само ако победиме утре. Колку и добри да бидете, на крајот се паметат само победниците“, изјави Манчини.
Финалето на ЕП се игра утре од 21:00 часот.