Пензионираниот италијански напаѓач и легенда на Јувентус, Фабрицио Раванели за „Ил Матино“ го најави финалето на Европското првенство кое во недела ќе го играат Италија и Англија.
„Очекувам напнат натпревар, екипите се респектираат една со друга и затоа би можело да има малку голови, но тактичката борба сигурно ќе биде интересна“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Смета дека играњето на „Вембли“ може дури и да биде предност за Италија.
„Играњето на „Вембли“ всушност може да биде предност за нас. Имаме искуни играчи како Бонучи и Киелини, додека таквата атмосфера на Англичаните може да им создава притисок“, изјави Раванели.
Финалето е закажано за во недела во 21:00 часот.