Maкедонија ќе има одбојкар во една од најсилните три лиги во Европа.
Денес Александар Љафтов потпиша договор со Порто Робур Коста од Равена.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
„Добивам шанса да заиграм во Италија. Среќен сум и верувам дека ќе ги оправдам очекувањата. Веќе разговарав и со тренерот Занини и со нетрпение чекам да се приклчуам на тимот и да почне сезоната“, изјави Љафтов.
Љафтов подолго време игра во Европа и е незаменлив во македонската репрезентација која го чека својот втор настап на Европските првенства.