Дома Останати Тенис Федерер: Не знам дали ова беше мој последен Вимблдон

Федерер: Не знам дали ова беше мој последен Вимблдон

Роџер Федерер вчера го доживеа еден од најболните порази во кариерата. Полскиот тенисер Хуберт Хуркач го победи во четвртфиналето на Вимблдон со 6:3, 7:6 и 6:0.

Федерер пораз во три сета на Вимблдон не доживеал во последните 19 години. После поразот Швајцарецот доби прашање дали ова е крај на неговата кариера.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


„Не одам се уште во пензија…Навистина не знам. Морам да се соберам и да размислам за се. Мојата цел секогаш била да играм на Вимблдон и да се обидам да освојам уште една титула. Оваа година успеав да дојдам и затоа сум среќен. Минатата година ја имавме пандемијата и Вимблдон немаше. Морам да одморам неколку дена и да одлучам дали ќе играм на Олимписките игри“, изјави Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер преку Ѓоковиќ до финале на Ролан Гарос!

Синер победи со 3:0, по сетови 6:4, 7:5 и 7:6 (7:3) по три часа и 17 минути игра, а во нед…