Вицешампионот на Македонија Шкупи пред дуелот со Лапи во конференциската лига го потврди трансферот на 19 годишниот Александар Ѓурковски кој пристигнува од редовите на Вардар.
„Сакам да се заблагодарам на раководството на клубот и тренерот Гоце Седлоски за дадената шанса да бидам дел од Шкупи. Знам какви се очекувањата од Шкупи, како дома, така и во Европа. Тоа беше и една од причините да дојдам тука. Очекувам да се адаптирам и напорно ќе работам за да ги оправдам очекувањата“, изјави Ѓурковски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѓурковски инаку е и репрезентативец на Македонија до 21 година.