Барселона има големи финансиски проблеми и мора значително да го намали буџетот за плати за следната сезона, пренесуваат шпанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Поради тоа Каталонците сакаат да се ослободат од неколку фудбалери со високи примања, кои не се во плановите на тренерот Куман.
Прв на листата е Кутињо, Барселона сака да се ослободи од неговата висока плата и да спаси дел од големите бонуси кои треба да му ги плати на Ливерпул.
Јасно е дека за Кутињо нема голем интерес, па каталонските медиуми тврдат дека Барселона е спремна да го пушти за само 20 милиони евра, што е за цели 140 милиони евра помалку од сумата која ја платија за да го донесат.
Барселона минатата сезона за плати потроши 347 милиони евра, а тој трошок мора да се сведе до 160 милиони евра.