Иднината на Килијан Мбапе се уште е главна тема и не е познато дали и во следната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ.
Мбапе влезе во последната година од договорот и засега одбива да стави потпис на продолжување на соработката.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Целата ситуација внимателно ја следи Реал Мадрид, кој го одреди Килијан Мбапе како примарна трансфер цел.
Познато е дека голема желба на Мбапе е да заигра за „кралскиот“ клуб, но ПСЖ не сака да го продаде следното лето.
Француските медиуми пренесуваат дека Мбапе само под еден услов е спремен да го продолжи договорот, а тоа е да биде ставена клаузула со која ќе може да побара трансефер доколку пристигне понуда од Реал Мадрид.
ПСЖ веднаш го одбил таквиот предлог, но одбива да го продаде дури и по цена следното лето да си замине како слободен агент.