Барселона испрати понуда до Самуел Умтити за раскинување на договорот, но фудбалерот се заблагодари и ја одби понудата.
Барселона сакаше ова лет да се ослободи од Умтити кој како и уште неколку играчи е оценет како „вишок“. На Барселона и се потребни финансии за да го продолжи договорот со Меси без да го прекрши финансискиот фер-плеј.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак Французинот порача дека сака да остане.
„Благодарам за понудата за раскинување на договорот, но јас ќе останам и ќе го испочитувам договорот“, изјави Умтити.
Ова секако не е добра вест за челниците на Барселона. Умтити во Барселона дојде пред пет години, а од тој момент имаше големи проблеми со повредите.