Дома Македонски спорт Во Спартак задоволни од Ристовски: Сакаме да го откупиме, понудата до Ријека е испратена

Во Спартак задоволни од Ристовски: Сакаме да го откупиме, понудата до Ријека е испратена

Спартак Трнава е задоволна од она што го прикажа во нивните редови македонскиот напаѓач, Милан Ристовски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ристовски за Спартак го одигра вториот дел од сезоната во кој на 12 натпревари постигна пет гола. Со добрите настапи за Спартак доби и повик во националниот тим за Европското првенство, а сега Петер Мачо, првиот човек на клубот истакна дека сакаат да го откупат Ристовски.

„Сакаме да го откупиме Ристовски. Понудата до Ријека е испратена и чекаме одговор. Се надеваме на позитивен одговор“, изјави Мачо.

Ристовски во овој момент е на подготовки со Ријека заедно со Дарко Велковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…