Новиот второлигаш Воска кој ќе игра во Втората лига – запад сериозно се засилува пред стартот на сезоната.
Вчера го промовираа Изаир Емини, а денес раководството на овој клуб го потврди трансферот на Енис Дервиши.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дервиши има 23 години и е дете на Шкендија, претходно настапуваше за Работнички, Гостивар и Тетекс. Тој за Воска ќе биде засилување во средниот ред.
Од Воска порачуваат дека немаат намера да застанат и сакаат да направат конкурентен тим кој од кормилото го предводи Раде Цицмиловиќ.