Кошаркарите на Атланта вчера на свој паркет го победија Милвоки со 110:88 и изедначија во серијата на 2:2
Атланта одигра одличен натпревар на свој паркет и успеа да дојде до победата. Домаќините подобро го отворија натпреварот и првата четвртина ја добија со 25:22. Атланта продолжи со одличната игра кога и на полувреме се замина со резултат 51:38.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милвоки никако не успеа да го најде првилниот ритам, а работата беше отежната со повредата на Јанис Антетокумпо.
Аталанта знаеше тоа да го искористи и до крајот на мечот не ја испушташе предноста. На крајот Хокси беа убедливи со 110:88 и покажаа дека не се откажуваат. Домаќините до победата беа предводени од Лу Влијамс и Богдан Богдановиќ. Вилијамс уфрли 21 поен, додека Богдановиќ еден помалку и запиша уште пет асистенции. Во екипата на Хокси се истакна Холидеј со 19 поени, девет асистенции и пет скока. До повредата Антетокумпо запиша 15 поени, осум скока и три асистенции.