Рафаел Бенитез изгледа дека од наредната сезона повторно ќе работи во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанскиот стратег во понеделник ќе биде именуван за нов менаџер на Евертон откако Карло Анчелоти премина во Реал Мадрид.
Навивачите на Ливерпул се незадоволни и сметаат дека е ова е предавство од страна на Бенитез. Бенитез во Англија ги водеше Њукасл и големиот ривал на Евертон, Ливерпул каде што ги имаше најголемите успеси. Исто така беше тренер на Челзи, Валенсија, Интер и Наполи.
Треба да се спомене дека во кариерата и два пати ја освои Ла Лига со Ливерпул, со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, ФА Купот и Суперкупот на Европа. Со Челзи во сезоната 2012/2013 стигна до трофејот во Лига Европа.