Манчестер Јунајтед е спремен да му понуди размена на Реал Мадрид која ги вклучува Пол Погба и Рафаел Варан.
Интересно е што двајцата Французи имаат договор со своите клубови до 2022 година и одбиваат да ја продолжат соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двајцата сакаат да ја променат средината, а Варан е голема желба на Манчестер Јунајтед, па „црвените ѓаволи“ сметаат дека со оваа трампа сите страни ќе бидат задоволни.
Реал Мадрид првично кажал не за ваква размена, бидејќи сака да добие кеш за Варан, но сега сериозно размислува да ја прифати понудата.