Интер се обидува да го добие потписот на напаѓачот на Сампдорија Патрик Шик на кого поради срцеви проблеми му пропадна трансферот во Јувентус.
Младиот репрезентативец на Чешка, Патрик Шик, ги договори сите услови за трансфер во Јувентус, но на медицинските прегледи било утврдено дека тој има одредени срцеви проблеми поради што италијанскиот шампион се откажа од трансферот кој требаше да „тежи“ 30 милиони евра.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Откажувањето на Јувентус се обидува да го искористи Интер, кој наводно ги започнал преговорите со Сампдорија.
Клубот од Џенова, за напаѓачот кој минатата сезона постигна 13 голови на 35 натпревари во Серија А, бара 30 милиони евра.
Порад проблемите со срцето, Шик ќе мора да мирува еден месец, а потоа би требало да се појави во Милано на медицински прегледи. Доколку ги мине ќе потпише со Интер.