Бостон Селтикс објави дека договориле соработка со Пол Пирс. Тој кариерата ќе ја заврши во Бостон, тим во кој мина 15 години.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Голема чест ни преставува фактот дека Пол одбра да се пензионира во дресот на Селтикс. Тој е еден од најдобрите во историјата на франшизата, на теренот и нафвор од него“, стои во клупското соопштение.
Пирс самиот истакнал дека воопшто немал дилема каде ќе ја заврши кариерата.
Пол Пирс со Бостон во 2008 година ја освои шампионската титула и беше прогласен за МВП на финалната серија.
Покрај Бостон, Пирс има настапувано за Вашингтон, Бруклин и ЛА Клиперс. Во кариерата има просек од 19,7 поени, 5,6 скока и 3,5 асистенции по натпревар.