Дома Македонски спорт Ристовски: Затворени сме во хотел 24 часа, излегуваме само на тренинзи

Ристовски: Затворени сме во хотел 24 часа, излегуваме само на тренинзи

Maкедонската фудбалска репрезентација како што е познато е веќе во Букурешт каде што се припрема за првиот натпревар на Европското првенство, со Австрија во недела.

Поради коронавирусот ова е малку необичен турнир, па членовите на македонската експедиција се во еден „балон“ и излегуваат само за тренинзи и натпреварите кога ќе дојдат. Ситуацијата за српска „Репбулика“ ја опиша Стефан Ристовски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Атмосферата е она што не доведе на ова Европско првенство и се обидуваме да ја одржиме. Сепак, воопшто не е лесно, затворени сме во хотел 24 часа. Од кога стигнавме во Букурешт сместувањето може да го напуштиме само кога одиме на тренинг или натпревари“.

Ристовски верува во изненадување.

„Сакаме да не потценат, тогаш ние сме најсилни. До овој момент бевме скромни, така ќе биде и на турнирот. Знаеме што можеме и со што располагаме, но ќе има изненадувања, верувајте ми. Холандија е прв фаворит во групата, ќе видиме како ќе биде останатото“, изјави Ристовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…