Левиот бек на Челзи, Емерсон Палмери призна дека селекторот на Италија, Роберто Манчини го советува да го напушти Челзи.
Емерсон одигра само 88 минути минатата сезона во Премиер лигата, но и покрај тоа доби повик за Италија и ќе настапи на ЕУРО.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Манчини покажа дека се грижи за мене. Тој сака да ме види како играм добро и ми кажа дека најдобро за мене е да најдам друг амбициозен клуб, каде ќе можам да играм повеќе. Сепак, знаеме дека ситуацијата во фудбалот понекогаш зависи од многу фактори, не само од мене. Јас можам да ветам дека кога сум во репрезентацијата ќе дадам се од себе си“, изјави Палмери.
Силен интерес за левиот бек покажуваат Интер и Јувентус, а Челзи за неговата слобода бара 20 милиони евра.
Emerson Palmieri exclusive: 'Roberto Mancini told me to quit Chelsea – it showed he cared about me' #EURO2020 https://t.co/eYMPiGyYoG
— Telegraph Football (@TeleFootball) June 8, 2021