Милан и Борусија Дортмунд попчаднево одиграа пријателски натпревар во Кина кој им припадна на „милионерите“ со конечни 3:1.
Двата гола за „милионерите“ ги постигна првата ѕвезда, Пјер Емерик Обамејанг откако резултатот го отвори Нури Сахин. За „росонерите“ погоди Карлос Бака.
Монтела го започна составот со мешан тим, па така од новите на теренот ги изведе само Франк Кеси, кој беше најдобар поединец кај „росонерите“, Рикардо Родригез и Фабио Борини.
Во второто полувреме во игра влегоа Мусакио и Чалханоглу, кои оставија добар впечаток, но Борусија Дортмунд беше подобар противник.