Дома Трансфер зона Денеска може да падне најголемиот договор за Милан ова лето

Денеска може да падне најголемиот договор за Милан ова лето

Напаѓачот на Борусија Дормтунд, Пјер-Емерик Обамејанг е подготвен да се согласи со значително намалување на платата за да се пресели во редовите на Милан.

„Gazeta delo Sport“ денеска донесува информации дека Габонецот одлучил да се пресели во редовите на Милан и да се согласи на понуда од 8 милиони евра по сезона и тоа наводно е подготвен да го соопшти по денешниот пријатеслки натпревар помеѓу Борусија и италијанскиот клуб на подготовките во Кина.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Верувале или не, тоа е речиси четири пати помалку од тоа што му го нудеа Кинезите ова лето, 30 милиони по сезона. Сепак, Обамејанг сака да игра се уште на високо ниво, а новиот проект на Милан во целост го заинтересира.

Со плата од 8 милиони по сезона, тој би бил најплатен играч на Серија А, пред Гонзало Игуаин. Денеска е ден Д, Обамејанг на тренот ќе може да се убеди колку Милан е сериозен и дали сака да се пресели на „Сан Сиро“, а по мечот ќе има време за нови преговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул тргнува по ѕвездата на Борусија Дортмунд

Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, пренесуваа…