Дома Трансфер зона Грилиш и Кејн се двете големи мети на Гвардиола

Грилиш и Кејн се двете големи мети на Гвардиола

Летово Манчестер Сити се подготвува за сериозни засилувања во нападот.

Серхио Агуеро го напушти клубот, па сега „граѓаните“ ќе бидат во потрага по нов голгетер. Англиските медиуми пишуваат дека тренерот Пеп Гвардиола има два приоритетни трансфери ова лето.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Првиот е Хари Кејн од Тотенхем. Кејн и самиот најави дека сака да оди во клуб со кој може да се бори за трофеи.

Вториот играч кој е на мета на Гвардиола е Џек Грилиш од Астон Вила. Се шпекулира дека Сити е спремен да го продаде Стерглинг за да направи место за Грилиш кој одигра фантастична сезона во тимот од Бирмингем.

 Најава за заминувањето на Грилиш може да биде Емилиано Буендиа кој потпиша за Астон Вила во трансфер вреден 40 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…