Дома Македонски спорт Мак ракомет Борко бил успешно опериран: Следната сезона да го вратиме Вардар каде што му е местото!

Борко бил успешно опериран: Следната сезона да го вратиме Вардар каде што му е местото!

Иако оваа сезона се уште не заврши, Борко Ристовски започна да се спрема за наредната.

Преку видео кое го објави Вардар Борко соопшти дека му била направена операција на менискусот за да биде отстранет проблемот кој го мачеше. Моментот е намерно одбран за да има време Борко да се приклучи на подготовките за новата сезона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Во текот на вчерашниот ден ми беше направен хируршки зафат на коленото, кој помина во најдобар ред, благодарение на професионалноста и на посветеноста на доктор настов. Се решивме за ваков чекор за да можам што поподготвен да ги почнам подготовките за следната сезона. Верувајте Ќе нè очекуваат уште повеќе натпревари, уште потешки моменти. Сакам да упатам една порака до армијата навивачи на Вардар, да бидеме сите заедно бидејќи следната сезона ќе нè очекуваат уште поголеми напори, затоа ќе мора сите да се сплотиме за да го вратиме Вардар таму каде што му е местото, а тоа е врвот на Европа“, соопшти Борко

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Пелистер се спаси од пораз: Хосни во последна секунда погоди против Алкалоид (Видео)

Актуелниот ракометен шампион Пелистер освои голем бод на гостувањето кај Алкалоид во Авток…