Дома Тенис Официјално: Федерер се повлече од Ролан Гарос

Официјално: Федерер се повлече од Ролан Гарос

Роџер Федерер се повлече од Ролан Гарос и нема да игра во осминафиналето против Матео Беретини, потврди швајцарскиот тенисер.

Федерер играше до 1 часот по полноќ и по победата против Германецот Копфер најави дека размислува за повлекување од турнирот.

„Откако разговарав со тимот, решив да се повлечам од Ролан Гарос. По две операции на коленото и над една година рехабилитација, важно е да го слушам моето тело и да не претерувам на патот кон целосното закрепнување. Воодушевен сум што одиграв три натпревари. Нема подобро чувство отколку да се вратиш на теренот“, изјави Федерер.

Целта на Федерер е да биде максимално подготвен за Вимблдон, кој се игра од 28 јуни до 11 јули, па тој не сакал да ризикува влошување на здравствената состојба и поради тоа се повлече од Ролан Гарос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Куманово собира 16 ветерански екипи, МКД Мастерс по место во завршницата

Мастерс Куп 2026 се игра на 13 и 14 ноември во Куманово. Домаќинот МКД Мастерс има три гру…