Македонската фудбалска репрезентација и понатаму нема да може да смета на услугите на еден од нашите најдобри фудбалери Енис Барди кој доби втор позитивен тест на КОВИД-19.
Тој денеска одново се тестираше, по оној прв тест од пред неколку дена кој ја шокира цела фудбалска јавност, еден од нашите најдобри фудбалер, кој е клучен во средбниот ред, одново беше подвргнат на корона-тест, но и тој се покажа како позитивен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барди и натаму се наоѓа во карантин во хотелот “Хилтон“, нема контакти со останатите членови на нашата репрезентација.
Сега е трка со времето. Имено експедицијата, односно репрезентацијата и стручниот штаб, во вторник со чартер лета за Букурешт, каде на 13 јуни против Австрија ќе го одигра својот прв историски натпревар на Евро 2020.