Maкедонскот напаѓач и важен дел од репрезентацијата Илија Несторовски за жал поради повреда ќе го пропушти историското Европско првенство кое е се поблиску.
Несторовски повредата ја заработи на околу еден месец пред почетокот на ЕП и таа ќе го одвои од големиот турнир. Сега тој ќе мора да дава поддршка на неговите соиграчи од дома од пред ТВ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Разочарувањето секако е големо, но така било пишано. Требало да не играм на ова Европско првенство. Во репрезентацијата сум 5-6 години и од 166 место ја вративме Македонија на позиција која што и доликува, испишавме историја и конечно се пласиравме на еден голем настан. Се надевам момзите ќе не израдуваат со одлично резултати, па јас за Светско ќе бидам спремен“, изјави Несторовски за емисијата „Бекстејџ“.
ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ НА НЕСТОРОВСКИ