Дома Македонски спорт Попушти одбраната во последните моменти: Реми на Македонија и Словенија на првата контролна пред ЕП! 🎥

Попушти одбраната во последните моменти: Реми на Македонија и Словенија на првата контролна пред ЕП! 🎥

Денес репрезентацијата на Македонија ја одигра првата контролка од двете закажани пред почетокот на Светското првенство.

Наш противник денес беше селекцијата на Словенија. Од почетокот гледавме мирна игра, ние бевме репрезентацијата која го имаше поголемиот посед, но не создадавме 100% шанси. И Словенците ги немаа, видовме само по некоја полушанса на двете страни.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Резултатот по првите 45 минути гласеше 0:0.

Слично започна и вториот дел. Така се играше се до 57. минута кога Езгјан Алиоски по една контра одлично го пронајде Елмас, а „дијамантот“ на прва го матираше гостинскиот голман. По тој гол, ние создадовме уште неколку добри прилики меѓутоа не ги искористивме. Најдобрата ја пропушти Трајковски после едно нафрлување од десната страна на Елмас.

Предност Македонија имаше се до последните моменти кога Словенија го изедначи резултатот.

Вториот контролен натпревар кој ќе биде и последен пред Европското првенство го играме во петок против Казахастан.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…