Џеси Лингард одигра фантастична полусезона во дресот на Вест Хем и ги воодушеви сите.
Лингард постигна 9 гола и 4 асистенции за Вест Хем во Премиер лигата и е најзаслужен за добриот пласман на „чеканите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лингард има договор со Манчестер Јунајтед на уште една година, и на лето сигурно ќе се врати на „Олд Трафорд“ бидејќи Вест Хем не е во можност да го откупи неговиот договор.
Челните луѓе на Јунајтед поставиле цена од 30 милиони евра, а неколку клубови се спремни да ја платат таа сума.
Се очекува Лингард да ги започне подготовките со Манчестер Јунајтед, а доколку пристигне понуда од 30 милиони евра „црвените ѓаволи“ се спремни да ја прифатат.