Машкото финале на Вимблдон беше завршено без неизвесност, Роже Федерер стигна до титулата во голем стил, без изгубен сет од почетокот на турнирот.
Најдобриот тенисер на сите времиња, Швајцарецот Роже Федерер денес осми пат во кариерата триумфираше на Вимблдон и така стигна до својот 19 Грен Селм трофеј (8 пати на Вимблдон, 5 на Австралија Опен, 5 на УС Опен и еден трофеј на Ролан Гарос).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот денешен противник Мартин Чилиќ не пружи ниту приближно доволен отпор. Федерер со 3:0 во сетови, 6:3, 6:1 и 6:4 стигна до титулата за неполни два часа игра.
Како и во текот на целиот турнир во натпреварите на Федерер, практично прашањето за победникот на мечот не се доведуваше во прашање, туку само колку време ќе му биде потребно на Швајцарецот да триумфира.
Денес му беше потребен еден час и 43 минути.