Холандскиот репрезентативец, Мемфис Депај потврди дека го напушта Лион на крајот на сезоната.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Депај е слободен агент и веќе една година се поврзува со трансфер во Барселона, но тој тврди дека има и понуди од други клубови.
„Сакам да одам во некој од најголемите европски клубови, но се уште не знам каде точно ќе играм. Статистиката која ја имам во Лион, ако ја имав во ПСЖ или Манчестер, цела Европа ќе зборуваше за тоа“.
„Треба да покажам дека можам да го повторам истото во некој од првите четири, пет клубови во Европа. Барселона покажа интерес за мене, но не се единствени. Имам понуди и од други големи клубови и се уште не сум донел конечна одлука. Нема да брзам, сакам да го направам најдобриот избор“, изјави 27-годишниот голгетер.