Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека Мино Раиола имал средба со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, а тема на состанокот бил Џиџо Донарума.
Младиот голман на Милан ќе биде слободен агент следниот месец, а се уште не постигнал договор со „росонерите“ за продолжување на соработката.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Лапорта е воодушевен од идејата да го ангажира Донарума без обештетување, а тоа ќе му отвори простор за продажба на Тер Штеген.
Германскиот голман има висока цена, па со негова продажба ќе се зголеми буџетот на Барселона за летни трансфери.
Сепак, доколку Милан обезбеди пласман во ЛШ, се очекува Донарума да остане на „Сан Сиро“ и да стави потпис на нов договор.