Дома Фудбал Буфон: Продолжувам, но прво треба да најдам некој полуд од мене

Буфон: Продолжувам, но прво треба да најдам некој полуд од мене

Живата легенда на италијанскиот фудбал Џанлуиџи Буфон потврди дека ќе ја продолжи кариерата, иако веќе има полни 43 години.

Буфон најави заминување од Јувентус на крајот на сезоната, но воопшто не размислува за пензија и е спремен да ги слушне понудите.

„Сега повеќе не ми е целта да освојувам трофеи, туку да се натпреварувам со самиот себе. Можам да играм и во Серија Ц. Треба да најдам некој полуд од мене кој ќе ми испрати понуда“, истакна Буфон.

„Во еден момент сигурно ќе завршам со играње фудбал. Имам 43 години и пензијата може да се случи во секој момент. Но сега сум спремен да продолжам да играм и очекувам понуди“, додаде Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн можел да го доведе Вушковиќ, но избрал друго решение

Лука Вушковиќ бил достижна цел за Баерн, но Баварците решиле да не ја менуваат одбраната. …