Дома Фудбал Не е како што се мислеше: Откриено каде Роналдо ги носел своите автомобили

Не е како што се мислеше: Откриено каде Роналдо ги носел своите автомобили

Иднината на Кристиано Роналдо во Јувентус е неизвесна и се погласни се шпекулациите дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.

Вчера во Торино беа снимени посебни камиони во кои се товарат скапоцените автомобили на Португалецот. Медиумите ова го протолкуваа како најава дека Роналдо се спремна да го напушти Јувентус во летниот преоден рок. Меѓутоа може и да не е така.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, неколку релевантни медиуми во Италија од извори блиски на играчот дознаа дека Роналдо обично во овој период од годината неговите автомобили ги испраќа на различни дестинации. Меѓутоа тоа е нешто што не можеше да го направи пред една година кога фудбалската сезона продолжи во јуни.

„Кориере Торино“ известува дека Роналдо своите автомобили ги премесил од причина што одржувањето на најголемиот дел од нив се проверува во Германија. Еден од неговите соседи Лучијано Саргоља за „Радио Пунто Нуово“ изјави дека автомобилите ќе бидат вратени по проверката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Имаa единаесет порази по ред и само два бода во лигата. Јунајтед не успеа да ги победи

Во 19. коло од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед заврши нерешено 1:1 против Вулверхемптон…