Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер ќе добие голем буџет за засилување на тимот во летниот преоден рок.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сопствениците на клубот, семејството Глејзер сакаат да го смират незадоволството на навивачите и се спрмени да инвестираат 200 милиони фунти ова лето.
Англиските медиуми пренесуваат дека Солскјер сака квалитетни засилувања и целиот буџет ќе го потроши на три големи ѕвезди.
Прво засилување треба да биде Џејдон Санчо, кој ова лето може да ја напушти Борусија Дортмунд, а се споменува сума од 90 милиони која Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати.
Како засилување на средниот ред главна цел е капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш. Медиумите тврдат дека „црвените ѓаволи“ за неговиот потпис се спремни да понудат 70 милиони плус Лингард.
Главна трансфер цел во одбраната е дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан, кој е спремен ова лето да ја промени средината и наводно Јунајтед е фаворит за неговиот потпис.