Францускиот дефанзивец на Манчестер Сити, Емерик Лапорт официјално доби дозвола од ФИФА да настапува за Шпанија на Европското првенство.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Лапорт беше еден од најголемите француски таленти и беше дел од младинската селекција на Франција, но нема настап за сениорската репрезентација на „триколорите“.
Тој го искористи новото правило на ФИФА дека играч кој до својата 21 година играл помалку од пет меча за една земја, да смее да игра за друга.
Пред неколку дена Емерик Лапорт доби шпанско државјанство, а денес и официјално доби дозвола од ФИФА да може да настапува за „црвената фурија“.
Така фудбалската репрезентација на Шпанија неочекувано доби големо засилување за претстојното Европско првенство