Maкедонскиот кошаркарски куп започна со сензационална победа на Академија ФМП од 100:98 против Пелистер.
Академија ФМП водеше од самиот почеток на мечот, Пелистер успеа да поведе дури пред паузата (48:47), а потоа следуваа неколоку поени во низа за водство на битолскиот тим од 57:53.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голема битка гледавме во второто полувреме, во третата четвртина видовме неколку пресврти за на крајот во последната четвртина Академија ФМП да влезе со предност од 80:77. Пелистер со неколку поени на Кесар брзо дојде до водство од 83:80 во последните 10 минути, а ФМП благодарение на Стојановски ја врати предноста.
Драмата и борбата траеа до самиот, ФМП го доби мечот со 100:98. Игор Кесар кај Пелистер беше најефикасен со 31 поен, додека Крстајиќ постигна 29 поени на спротивната страна.