Дома Фудбал Англија Солскјер им ја честиташе титулата на Граѓаните: Манчестер Сити е многу подобар тим

Солскјер им ја честиташе титулата на Граѓаните: Манчестер Сити е многу подобар тим

Тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер му ја честиташе шампионската титула во Премиер лигата на градскиот ривал Манчестер Сити.

Јунајтед синоќа загуби на домашен терен од Лестер и со тоа остана и без теоретски шанси да ги стигне „Граѓаните“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Го бркавме Манчестер Сити до крајот на сезоната. Ова е многу добро достигнување затоа што Сити е многу добар тим. Тие се достојни шампиони.

Морам да им честитам, бидејќи одиграа фантастични натпревари оваа сезона и заслужено се прваци“, рече Солскјер по поразот од Лестер.

Манчестер сити стана шампион на Англија во сезоната 2020/21 три кола пред предвидениот рок. За граѓаните ова е петта титула во Премиер лигата и трета во последните четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Одбиена првата понуда на Челси: Барселона ја одреди цената за Фермин Лопез

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ објави дека Барселона ја одбила понудата од 50 милио…