Дома Фудбал Германија Нојер го престигна легендарниот Оливер Кан

Нојер го престигна легендарниот Оливер Кан

Германскиот голман Мануел Нојер го изедначи рекордот на легендарниот Оливер Кан.

Баерн синоќа ја победи Борусија Менхенгладбах со високи 6:0, заверувајќи ја титулата која беше освоена пред натпреварот да започне, со оглед на поразот на Лајпциг во Дортмунд.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


За капитенот Нојер ова беше 204. натпревар во кој ја зачува мрежата. За тоа му требаше 444 натпревари, додека за истиот подвиг на Кан му беа потребни 557 натпревари.

Нојер е класа, сега само е во прашање кога ќе стигне до рекордниот 205. натпревар без примен погодок, со што дефинитивно ќе го сруши рекордот на поранешниот капитен и голман на Баерн.

Нојер во Баерн пристигна во 2011. година од Шалке, а од 2009. година е голман на германската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

„Луда“ сцена во Бразил: Кутињо даваше интервју додека се слушаа пуктоници! (Видео)

За време на интервјуто кое Филип Кутињо го даде за новинарите на телевизијата „Глобо“, во …