Пеп Гвардиола продолжува со трошењето, денес доведе нов фудбалер од 50 милиони фунти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако Манчестер Сити не успеа да го доведе Дани Алвеш кој премина во ПСЖ, со сите сили тргнаа по дефанзивецот на Тотенхем, Кајл Вокер и успеаа да го доведат.
Кога Дани Алвеш одлучи да премине во ПСЖ, Тотенхем ја зголеми цената на Вокер, но тоа не ги предомисли „Граѓаните“ и испратија понуда од 50 милиони фунти која беше прифатена.
Денес трансферот беше и официјализиран, Кајл Вокер веќе е нов фудбалер на Манчестер Сити.
„Пресреќен сум што потпишав за овој клуб. Пеп е еден од најдобрите тренери во светот и мислам дека покрај него ќе напредувам“, изјаво Вокер.
