Александар Зверев приреди изненадување на турнирот во Мадрид и го елиминираше првиот фаворит, Рафаел Надал (2:0).
Ова е прв пат Зверев да го надигра Надал на земја, а сега за пласман во финалето ќе се бори против Доминик Тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Надал подобро го отвори мечот и прв стигна до бејк, но Зверев веднаш врати и израмни на 4:4, а потоа го доби првиот сет со 6:4.
Зверев беше подобар и во вториот сет, на стартот направи брејк и го освои со 6:2 за пласман во полуфинале.
Коментари