Дома Фудбал Баерн минатата година беше европски шампион, но ПСЖ заработил најмногу

Баерн минатата година беше европски шампион, но ПСЖ заработил најмногу

Минатата година Лигата на шампионите се прекина поради пандемијата, па се доигра во турнирски систем во Лисабон.

До европската круна стигна Баерн Минхен, но гигантот од Минхен не е и тимот кој заработил најмногу. Имено, финалистот ПСЖ од минатата сезона во ЛШ заработил 126 милиони евра и тоа е повеќе од било кој друг клуб.

Приходите на клубовите ги објави шпанска „Марка“, а од нив може да се се заклучи дека УЕФА за Лигата на шампионите поделила 1.6 милијарди евра и уште 478 милиони за Лигата на Европа.

Интересно е што двата клуба кои се на врвот по заработката од минатата сезона во ЛШ се и двата европски гиганти кои не се сложија да бидат дел од Суперлигата од која клубовите брзо се откажаа.

ЗАРАБОТКА НА КЛУБОВИТЕ ВО ЛШ МИНАТАТА СЕЗОНА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија оди по нов успех во Струга, Криезиу предупредува на ситните детали

Струга и Шкендија се среќаваат во 13. коло, а Алмир Криезиу ја нагласува важноста на психо…