Македонскиот репрезентативец, Милан Ристовски одигра одличен натпревар за Спартак Трнава за викендот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ристовски беше стрелец на два гола од пенал за неговиот тим против шампионот Слован Братислава вонатпревар во кој неговиот тим славеше со 3:0. Ристовски не само што се најде во тимот на колото (втор пат ред) туку е прогласен и за играч на колото.
Во редовите на Спартак Ристовски дојде во јануари и од тој момент до денес зад своето име има пет гола.
