Дома Фудбал Глејзер нема намера да го продава Манчестер Јунајтед

Глејзер нема намера да го продава Манчестер Јунајтед

Сопствениците на Манчестер Јунајтед, семејството Глејзер немаат намера да го продаваат клубот поради протестите на фановите, пренесува „Гардијан“.

Во неделата фановите на Јунајтед влегоа на стадионот и протестираа против раководството, па поради тоа беше одложен мечот со Ливерпул.

Фановите настојуваат семејството Глејзер да го продаде клубот и „црвените ѓаволи“ да добијат нови сопственици.

„Гардијан“ тврди дека американските сопственици воопшто не планираат продажба, па дури имаат долгорична стратегија за да ја зголемат вредноста на Манчестер Јунајтед од 3 милијарди на 7 милијарди фунти.

Семејството Глејзер се сопственици на клубот од „Олд Трафорд“ од 2005 година.

Автор: Петре Кузманоски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Српскиот фудбал во управувачки ќор-сокак: УЕФА може да го преземе ФСС

Нема кандидат за наследник на Драган Џајиќ, а истекува и мандатот на Собранието. Меѓу можн…