Дома Фудбал Најдобриот играч го шокираше Партизан: Самиот реши да си замине!

Најдобриот играч го шокираше Партизан: Самиот реши да си замине!

Репрезентативецот на Јапанија, Асано избега од Партизан откако еднострано го раскина договорот и објави на социјалните мрежи.

Асано е незадоволен што редовно не добивал плата и таа што ја добивал не била во цел износ и затоа се решил да стави крај на неговото време во Партизан и среќата да ја побара на друго место.

„Јас, Такума Асано го раскинав договорот со Партизан. После мачењето некое време донесов тешка одлука. Мислам дека клубот не ме почитуваше доволно. Некое време не ми ја иплаќаше платата на време, а таа што ја добивав не беше во полн износ. И денес има долг кон мене кој не е подмирен. Тешко ми е што заминувам во вакви околности затоа што Партизан е клуб во кој поминав важен дел од животот“, стои во дел објаватан на Асано.

Партизна сега ќе го тужи Асано затоа што своеволно го напуштил клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Златната топка“ првпат во Лондон: Јубилејна вечер и трка за фудбалскиот престол

Седумдесетгодишнината на наградата ќе се одбележи во Лондон. Како се избираат победниците …