Манчестер Сити вчера забележа важна победа против ПСЖ на гости во Лигата на шампионите (1:2).
После натпреварот стратегот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола водеше разговор со италијанската легенда, Алесандро Дел Пиеро. Поранешниот фудбалер на Јувентус на шега го праша Гвардиола да ли може да го научи нешто околку тактиките во фудбалската игра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога ќе имаш време, може ли да дојдам да ме научиш нешто?“, запраша Дел Пиеро после што веднаш доби одговор.
„Вака ќе направиме, ќе дојдам јас во Италија. Пастата премногу ми недостасува“, одговори Пеп.
Кога е Италија во прашање, Гвардиола во кариерата како играч беше дел од Бреша.