Муамед Сејдини денес беше гостин во емисијат „Утрински Брифинг“ на „Слободен Печат“.
Eдна од темите на интервјуто беа и критиките на Горан Пандев упатени ФФМ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не може веќе ништо да ме изненади, па ни тоа интервју. Ставот на Пандев е став на личност, а јас лично му посакувам се најубаво на капитенот, и да продолжи со своите игри и голови да не радува сите во нашата држава. Ударите доаѓаат кон ФФМ и кон претседателот на Федерацијата, реков, ништо не може да ме изненади“
За договорот на селекторот Ангеловски.
“Кој го продолжи договорот 2019 до крајот на 2020? Лично јас. Договорот на Игор Ангеловски му истекуваше кон крајот на 2019. Јас лично и овој Управен одбор му го продоживме уште за година и 2 месеца до крајот на 2020. Јас ја следев стратегијата, го гледав континуитетот и приоритетот за пласман на едно големо натпреварување, вели Сејдини.
Во продолжение погледнете го целиот разговор на Сејдини.