Дома Трансфер зона Евертон спрема шокантен трансфер на Кутињо

Евертон спрема шокантен трансфер на Кутињо

Евертон покажува силен интерес за ѕвездата на Барселона, Филипе Кутињо, пренесуваат англиските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта планира на лето да го продаде Кутињо. Главната причина за продажбата се 20-те милиони евра кои Каталонците ќе мораат да му ги платат на Ливерпул, ако Кутињо запише 100 настапи за Барселона.

Таквата ситуација сака да ја искористи Евертон, кој е спремен да плати 50 милиони евра, колку што бара Барселона за неговата слобода.

Кутињо сака да се врати во Премиер лигата, но овој трансфер би бил шокантен поради неговото минато во Ливерпул.

Покрај Евертон интерес за Бразилецот покажуваат уште Арсенал и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…