Реал Мадрид нема намера да се раздели со Мартин Одегард на перманентна основа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Младиот играч за врска игра на позајмица во Арсенал, каде се претставува одлично, па „топџиите“ изразија желба да го откупат.
22-годишниот Норвежанец одлично се вклопи во Премиер лигата, а во Реал Мадрид не добиваше голема минутажа.
Според „Марка“ Реал Мадрид не сака да се раздели со Одегард и смета дека тој е иднина на „кралскиот“ тим, па на лето сигурно ќе се врати.
Зидан смета дека следната сезона Одегард ќе биде многу важен во тимот бидејќи ќе биде алтернатива за Крос и Модриќ во средниот ред.