Дома Топ вести Трансфери во живо: Бонучи ја тресе Чизмата, Раџа на „Олд Трафорд“, Марез во Серија А

Трансфери во живо: Бонучи ја тресе Чизмата, Раџа на „Олд Трафорд“, Марез во Серија А

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите сулучувања на трансфер пазарот.

-Главна вест на Апенинте денес е Леонардо Бонучи. Агентот потврди дека дефанзивецот сака да замине од Јувентус, а Милан веќе спрема понуда (ОВДЕ)


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


-Челзи го договори второто големо засилување ова лето. Пристигнува Тиму Бакајоко за 45 милиони евра (ОВДЕ).

– Интер е на добар пат да го комплетира трансферот на левиот бек на Ница, Долберт. Трансферот ќе чини околу 20 милиони евра, а „нероаѕурите“ сакаат да го завршат трансферот што е можно побрза за играчот да може да замине на припреми во САД.

– Англиските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо тргнува по ѕвездата на Рома, Раџа Наинголан (ОВДЕ).

– Доколку замине Обамејанг, Борусија Дортмунд веќе има спремна замена – Оливие Жиру од Арсенал. Германските медиуми тврдат дека „милионерите“ се спремни да понудат помеѓу 20 и 25 милиони за потписот на Французинот.

– Рома е на добар пат да договори големо засилување. Англиските медиуми пренесуваат дека „волчицата“ започнала преговори за ѕвездата на Лестер, Ријад Марез (ОВДЕ).

– „Скај Спорт“ пренесува дека Манчестер Јунајтед е се поблиску до Иван Перишиќ. Имено последната понуда од 45 милиони евра беше обиена, но „црвените ѓаволи“ сега се спремни да понудат 50 милиони, сума која ќе ги задоволи апетитите на Интер.

– Официјално: Камил Глик го продолжи договорот со Монако и ќе остане во „кнежевството“ до 2021 година.

– Милан не се откажува од Обамејанг и во наредните денови ќе испрати официјална понуда до Борусија Дортмунд. „Газета дело Спорт“ денес ги откри деталите (ОВДЕ).

– Челниците на Барселона отпатуваа во Лисабон на преговори со Бенфика за десниот бек Нелсон Семедо. Барселона првично понуди 30 милиони евра, додека португалскиот клуб бара 50 милиони. Преговорите се во тек. (ОВДЕ)

-Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен во наредните денови ќе започне преговори за продолжување на соработката со Видал. Имено, Чилеанецот ќе добие нов, побогат договор и се очекува набрзо да стави потпис.

– Јувентус и Фиорентина и понатаму преговараат за трансферот на Федерико Бернардески. „Старата дама“ нуди 40 милиони евра плус бонуси, додека „виолетовите“ сакаат во целата трансфер операција да биде вклучен и Марко Пјаца.

– Евертон е многу активен во овој преоден рок, а англиските медуми пренесуваат дека „карамелите“ се блиску до ново големо засилување, откако испратиле понуда од 40 милиони фунти за играчот на Свонси, Сигурсон.

– Манчестер Сити постигна договор со Монако за трансфер на левиот бек Бенџамин Менди. Англиските медиуми пренесуваат дека „граѓаните“ за неговиот потпис ќе платат 40 милиони фунти.

-Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Јувентус се во напредни преговори за трансфер на Бонучи и дека дефанзивецот е на чекор од „Сан Сиро“ (ОВДЕ)

– Англиските медиумите пренесуваат дека Манчестер Сити и Тотнхем постигнале договор за трансфер на десниот бек Кајл Вокер за рекордна сума (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Чурлинов откако го сруши Копенхаген среде Данска: Не сум само јас херој!

Maкедонскиот фудбалер Дарко Чурлинов во вчерашниот натпревар на Јагелонија во Данска проти…