Леонардо Бонучи и неговата иднина во Јувентус е главна тема на Апенините, откако неговиот агент потврди дека дефанзивецот ќе го напушти Торино ова лето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вчера одекна вистинска „бомба“ во Италија кога медиумите најавија дека Милан е спремен да испрати шокантна понуда и дака да го донесе Бонучи на „Сан Сиро“.
Наводно „росонерите“ веќе постигнале договор со Бонучи и ќе го направат еден од најплатените играчи во Серија А со годишна плата од 7 милиони евра по сезона.
Иако првично оваа информација беше земена со резерва, додатен „земјотрес“ предизвика неговиот агент кој не неграше дека Бонучи има договор со Милан и потврди:
„Работиме на неговиот трансфер“, изјави Лучи, агентот на дефанзивецот.
Денес сите медиуми во Италија потврдија дека Милан е спремен да испрати понуда од 50 милиони евра плус Матија де Шиљо, но проблем е што „бјанконерите“ не сакаат да го продадат играчот на директен ривал.
Имено, Јувентус нема да се противи на неговото заминување, бара помеѓу 50 и 60 милиони евра, но преферира продаќжба во клуб надвор од Италија.
Ова сигурно ќе биде една од најжешките трансфер теми во Италија, па останува да видиме како ќе се заврши.